March 29, 2024, 12:35 am

НОТОРНИ ЛАЖГОВЦИ НА ЧЕЛО НА ЕВРОПА: Холандскиот министер призна дека лажел кога тврдел дека Путин сака да прави „голема Русија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандскиот министер за надворешни работи Халбе Зејлстра призна дека лажел кога во 2016. година рекол дека слушнал коментар на рускиот претседател Владимир Путин за плановите за „голема Русија“


За време на предизборната кампања пред две години, Зејлстра рекол дека во 2006. година бил во викендицата на Путин кога го слушнал како лидерот на Кремљ зборува за планови за „голема Русија“ која, новодно би ја опфаќала Белорусија, балтичките земји и Украина.

Меѓутоа, денес Зејлстра призна дека никогаш не бил на состанок со Путин и дека наводниот негов коментар го слушнал „од втора рака“.

„Тој разговор се случил, и некој кој присуствувал ми прераскажа што претседателот Путин кажал за голема Русија“, соопшти денес холандскиот министер, откако во интервју за холандскот дневник „Де Волкскрант“ призна дека лажел.

Зејлстра, во говор во 2016. година кој е снимен со камера, рекол дека Путин во тогашниот одговор навел дека „голема Руусија“ би ја опфаќала Русија, Белорусија, Украина и балтичките земји, „а дека би било добро да се има и Казахстан“.

„Бев во задниот дел на просторијата, но јасно можев да го слушнам одговорот на Путин на прашањето за тоа што смета за голема Русија“, рекол Зејлстра во 2016. година на тогашниот собир на својата Народна партија за слобода и демократија, која ја предводи новата холандска влада.

Денешното признание на шефот на холандската дипломатија е објавено во очи со состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој е закажан во среда.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This