Ноќеска xocпитализирани 36 пациенти поради компликации со кoвид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За едно деноноќие, во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани 36 пациенти поради компликации од корона вирусот. На интерните клиники биле примени 14, а во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника по 11 нови пациенти. На домашно лекување, пак, биле пуштени 39 оздравени пациенти од скопските болници.

На инфективните одделенија и ковид-центрите во болниците се лекуваат 1238 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот – 470 се во Скопје и 768 во болниците во другите градови. Од 470 хоспитализирани во главниот град, 186 лежат во ковид-центрите на интерните клиники, 144 на Инфективната клиника, 102 во ГОБ „8 Септември“ и 38 во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле.

Министерството за здравство вчера повика на хуманост од оздравените пациенти кои ги исполнуваат условите, да закажат во Институтот за трансфузиска медицина дарување конвалесцентна плазма која овозможува да се спаси живот.  Повеќе од 400 пациенти со Ковид-19 досега се третирани со плазма од вкупно 449 дарители – оздравени пациенти, чии антитела се користат за сузбивање на болеста кај друг болен од Ковид-19.

Институтот обезбедил 502 единици конвалесцентна плазма за третман на заразени пациенти, од кои 399 единици преку стандардно дарување и 103 преку аферезна процедура од вкупно 48 донори.

Во изминатото деноноќие беа регстрирани 20 починати и 815 нови случаи на Ковид-19 од направени 2664 тестирања.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 77 949, оздравени се 53 345, битката со коронавирусот ја загубија 2274, а активни во моментов се 22 330 лица. Досега се направени 379 229 тестирања на КОВИД-19. хс/цр

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This