НУДИМЕ РЕШЕНИЈА, А НЕ СЕЕЊЕ ВЕТЕР И МАГЛА: Ние нудиме решенија за горчливите проблеми, СДС го загорчуваат достоинството на секој Македонец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наближува 15-ти октомври, денот кога ВМРО-вска Кисела Вода, ќе остане победничка, денот кога ќе го зголемиме успехот од минатите избори, денот кога во Советот огромно мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ, а нов градоначалник ќе биде Јохан Тарчуловски, порача Орце Ѓорѓиевски, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ.

-15-ти октомври, ќе биде денот кога ќе победи работата, денот кога ќе победи искрената намера, посветеноста и чесноста, тоа ќе биде денот кога сите заедно ќе ги победиме СДС и оној противкандидат, чија фамилија се збогати во времето на транзицијата на Македонија. Имаме одлична понуда и програма во интерес на сите наши граѓани, имаме кандидат за градоначалник, а убеден сум и иден градоначалник, кој е угледен, чесен и човек со неизмерна љубов кон Македонија. Имаме кандидати за советници кои се докажани во работата и посветеноста и имаме визија за создавање на уште понапредна општина Кисела Вода. Сите ние доаѓаме од партијата предводена од претседателот Никола Груевски, која направи толку многу за Македонија и за нашата општина. Партија чии приоритети се отворање на работни места, привлекување странски инвеститори и поттикнување бизнис, градење нови училишта, градинки, автопати и локални патишта, порача тој.

Ѓорѓиевски истакна дека и на овие локални избори исто така се воделе од потребите на граѓаните. Најави дека во новата програма се наведени проекти со конкретни рокови, проекти со кои се предвидува изградба на нови градинки, ново монтажно паркиралиште, реконструкции на основните училишта, дополнително зголемување на зелените површини, нови спортски терени, реконструкции и асфалтирање на многу улици и патишта, изградба на фекални и атмосферски канализациони мрежи, изградба на водоводни мрежи.

-Во новата програма се наведени проекти кои значително ќе го унапредат секојдневието на жителите од цела наша општина Кисела Вода, проекти со кои се води грижа за секој поединец и за заедницата во целост, проекти со кои се опфатени сите категории на граѓани и повозрасните и младите, и спортистите и уметниците, проекти со кои се опфатени и работодавачите и работниците. Свесни сме за одговорноста која е пред нас и ова што го говорам не е напразно. ВМРО-ДПМНЕ има кредибилитет. Коалицијата која е со нас исто така има кредибилитет и затоа  понудата за овие локални избори е повеќе од едноставна. Ние имаме проекти, oтчетност пред граѓаните и чиста душа и совест, тие нудат двојазичност. Ние нудиме решенија за горчливите проблеми, тие во изминатите 120 дена го загорчуваат достоинството на секој еден Македонец. Ние нудиме искрен пристап согласно можностите, тие нудат манипулации кои нема долго да им траат и ќе бидат казнети токму од вас граѓаните.  Кога сме кај манипулациите на опонентите го слушам денови кандидатот на СДС, Темелковски, како се леснотија ветува и вели ќе ја гасифицирал Кисела Вода, без притоа да знае дека во тој проект е предвидено фазно поврзување на градовите со примарниот гасовод, па приклучување на институциите и стопанските субјекти, а потоа приклучување на домакинствата. Очигледно човекот кој ужива во аристократскиот живот благодарение на неговиот татко, лаже дека ќе гасифицирал цела општина, а во животот нема сменето ниту една боца на плинско, истакна носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода.

За разлика од сеење на ветер и магла од страна на СДСМ, потенцира Ѓорѓиевски,  ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретни проекти и отчетност за досега сработеното.

-Би сакал да нагласам дека за дел од поголемите проекти како што е изградбата на последната фаза од булеварот „Борис Трајковски“ во делот од Пинтија до влезот во Драчево, неопходна е поддршка од Градот Скопје, затоа на 15 –ти октомври заокружете го бројот 13 и за највредниот градоначалник кој што го имал главниот град, градоначалникот Коце Трајановски и заокружете 13-ка за градската советничка листа предводена од Христијан Мицкоски. Преостануваат уште десетина дена до изборите и затоа ве повикувам сите присутни максимално да го искористиме преостанатиот период за презентирање на изборната програма, а по 15 октомври заедно со идниот градоначалник Јохан и мојот тим на советници, започнуваме со работа и убеден сум дека ќе ја оправдаме довербата на сите вас, на секој пријател, на секој сосед и жител на општина Кисела Вода. Знаете дека овие избори не се обични, не се само за градоначалници и локални советници. Овие избори се многу повеќе. Мнозинството граѓани се разочарани од штетните политики на оние кои ја узурпираа централната власт без поддршка од народот. Ние сме тие кои треба да ги стопираме, мнозинството го очекува тоа од нас. Затоа е важен секој глас. Со убедлива победа сега, ќе докажеме дека и натаму ја имаме најголемата доверба и сите заедно ќе го трасираме патот кон нови предвремени парламентарни избори. И нив ќе ги добиеме, порача Ѓорѓиевски пред граѓаните на Кисела Вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This