April 26, 2024, 11:55 pm

НУКЛЕАРКА ОД ВИКИЛИКС: Црвената линија во спорот за името за Шекеринска во 2008 била македонски јазик и Македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дописите објавени на Викиликс и понатаму продолжуваат да ги разголуваат лагите на актуелната власт на СДСМ во врска со спорот со името и престојниот референдум за промена на уставното име.

Имено во 2008, Шекеринска при брифинг во американската амбасада ги потврдила заедничките црвени линии со власта на Македонија во однос за спорот за името. Таа тогаш потенцирала дека црвените линии на државата се националност Македонци и македонски јазик, но сега нејзината влада прифати решени сосема спротивно на утврдените црвени линии. Со Договорот од Преспа националноста ќе биде Македонци/ Граѓани на Република Северна Македонија и јазик македонски со фуснота со што СДСМ се откажа од стекнатото право во ООН за националност Македонци и јазик македонски без додавки и придавки.

Понатаму таа коментира дека ниту еден Македонец не би ја прифатил идејата за сложено име во кое ќе ги има термините Горна или Северна тоа ќе биде нужно за постигнување на компромис со Грција. Шекеринска вели дека нејзината партија е флексибилна во врска со името и неговата употреба но придавката ,,Македонски’’ мора да остане за јазикот и националноста.

Неполна деценија подоцна, Шекеринска ја предводи офанзивата за менување на Уставното име, јазик, култура и историја. Дотолку повеќе, камапањата која таа и нејзината партија ја водат се води од истите принципи по кои се водела потпретседателката на СДСМ и нејзиниот шеф Зоран Заев.

Со кампањата „За“ Шекеринска, Заев и СДСМ се обидуваат да ги изманипулираат граѓаните со нереални ветувања почнувајќи од најбаналните како „бесплатно здравство во ЕУ“ до тоа дека дневно во Македонија влегувале 260.000 евра европски пари, од кои за волја на вистината никој нема видено никаков бенефит.

Принципот на поткупливост, за среќа, не е принцип кој е доминатен кај поголемиот број на граѓани, како што е во СДСМ од каде, од приложеното може лесно да се заклучи дека владејачката партија ја водат луѓе кои за доволна количина на евро монети, се спремни да го сменат и сопствениот став.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This