НУК: Bлaдaтa вчepa дoби гpaѓaнcки „шaмap“, дa ce ykинe cпopнaтa oдлyкa co коja нa билo кoj нaчин ce зaбpaнyвa cлoбoдaтa нa движeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независната угостителска комора реагира на донесените нови рестриктивни мерки и посочува дека Владата треба итно да ја укине спорната одлука.

После вчерашните масовни протести ширум Македонија не само угостителите туку илјадници млади и возрасни жители го искажаа незадоволството од донесувањето на забраната преку условна и неспроведлива одлука на владата со која им наложи на угостителите да воведат т.н. редарски служби со кои ќе вршат контрола и селекција на гостите и ќе им забранува на “невакцираните” односно сите граѓаните кои не се вакцинирани и немаат соодветна потврда за имунизација да влезат – посетуваат секаков вид на објект вклучително и угостителските објекти и било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. На претседателот на владата не му останува избор доколку и понатаму сака да ја води оваа влада веднаш денес да свика седница на влада и да ја укине спорната одлука со која на било кој начин се забранува слободата на движење и влез во одредени јавни објекти на лицата што не се вакцинирани, велат од НУК.

Од Комората посочуваат дека на 10-ти август доставиле барање до Владата за укинување на одлуката за задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти со цел да се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и да се овозможи на сите јавни објекти – угостителски објекти да бидат достапни подеднакво на сите граѓани, домашни и странски гости.

-По синоќешниот врисок на македонските граѓани искажан преку паралелни протести низ цела Македонија на Владата не и останува ништо друго туку веднаш по кратка постапка да ја укине одлуката со која сакаше да се спроведе експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на пандемија на т.н. вакцинирани и невакцинирани предвиден да се одвива со редарски служби преку угостителите и угостителските објекти од 16-ти август. Синоќа бевме сведоци како нашата Влада за прв пат доби граѓански “шамар”. После години дремење и спиење во повеќе градови преку ноќ македонскиот граѓанин со некоја причина преку ноќ се разбуди од својот долг сон, се вели во соопштението на НУК.

Последната одлука со која Владата од 16ти Август забранува на граѓани кои се “невакцинирани” и не поседуваат соодветен Сертификат односно парче хартија наречено “потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина” да посетуваат угостителски објекти и секаков вид на настан на отворено резултираше со масовни протести и изрази на незадоволство, не само на угостителите туку и на граѓаните во повеќе градови паралелно низ Македонија.

-Ја потсетуваме Владата денес согласно изјавата на министерот Бектеши наместо да разгледуваат било какви други можности, разводенувања и дополнувања кон одлуката и мерката со која СЕ ЗАБРАНУВА ВЛЕЗ НА НЕВАКЦИНИРАНИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ со која одлука и понатаму би била забранета посета и влез за одредени граѓани и гости и на било кој начин би се вршела било каква селекција и деградација на гости во угостителски објекти да го разгледа нашето доставено барање од 10-ти Август за укинување на спорната одлука и мерка и веднаш да го усвои истото со што оваа одлука и мерка ќе биде укината целосно и безусловно во кратка постапка. Ги потсетуваме Претседателот на Влада и Министрите за здравство и економија да не ја забораваат и потценуваат моќта и големината на угостителите и угостителската индустрија и да не забораваат дека од спорната нвредлива и неспроведлива одлука директно се засегнати безмалку 6.500 угостителски објекти со повеќе од 35.000 угостителски работници кои заедно со своите фамилии ја надминуваат бројката од 100.000 гласачи кои на претстојните локални избори ќе треба да го дадат својот глас и доверба од чиј глас оваа Влада моментално го ужива раководењето и бенефитот на своето работење и владеење, нагласуваат од НУК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This