April 26, 2024, 10:57 am

НУЛА ЗА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ОД ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Додека Србија добива позитивни оценки, владата на Заев оценета со нула!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германските и српските компании членови на германско- српската стопанска комора позитивно ја оценија бизнис климата во Србија.

Имено, според официјалните информации и на РТС компаниите изразиле позитивни очекувања во контекст на сопствениот бизнис и се задоволни од работата со што 88% од компаниите учеснички во анкетата повторно би инвестирале во Србија.

И додека германските компании позитивно ја оценуваат економската политика на соседна Србија и не се двоумат дали пак ќе инвестираат, во Македонија ситуацијата е сосема поинаква. Така германските компании неодамна во земјава ја оценија работата на Владата во делот на економијата со нула. Нови инвестиции скоро и да нема додека и оние кои се тука воопшто не се задоволи од бизнис климата.

Експертите сметаат дека ова е опасна состојба да земја која е толку блиску да Македонија во овој случај Србија која се повеќе станува атрактивна за странски капитал токму поради фактот дека и оние малку фирми кои беа донесени од претходната влада можат да решат да го преселат својот капитал .

Исто така во ваква положба каде Србија значително напредува на овој план – привлекување на инвестиции и јакнење на својата бизнис клима тешко дека Македонија би имала шанса во случај доколку нови компании одлучат да го разгледуваат овој регион како потенцијално место за инвестирање.

Инаку, Владата лани ветуваше дека оваа година ќе биде економска односно дека ќе има инфраструктурен и инвестициски бyм но ништо од тоа не се случи. Според официјалните податоци реализацијата на капиталните инвестиции за првите три месеци од годината се катастрофални 6, 21% додека најава за странски инвестиции нема. Исто така Владата ветуваше дека откако ќе се реши спорот со името компании како Google ќе дојдат да инвестираат во Македонија но најава за такво нешто се уште нема. Економистите коментираат дека Македонија значително уназадува на економски план и дека ако се продолжи со вакво катастpофално темпо македонската економија ќе ги доживува своите најцpни денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This