Нурмагомедов: Ми се јави Путин, рече дека е горд на мене!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хабиб Нурмагомедов вели дека по победата над Конор Мекгрегор добил повик од претседателот на Русија, Владимир Путин кој му честитал и бил горд на неговиот успех.

Утрово во Лас Вегас се случи најголемиот спектакл во историјата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ги одмери силите со Конор Мекгрегор во октагонот. Русиниот ја доби долго очекуваната битка со давање во четвртата рунда но тука не застана.

Тој излезе од кафезот и почна да се тепа со луѓе од таборот на Ирецот по што настана голем хаос, поради кој може да го загуби појасот, да добие суспензија, а може да остане и без визата за влез во САД.

Откако се смирија страстите, Хабиб Нурмагомедов се појави на прес конференција каде и се извини на Спортската комисија на Невада и на градот Лас Вегас, но не и на противникот. Тој исто така се пофали и дека добил честитки од претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Медиумите објавија неколку стории за мене и Путин, сакам да ве известам дека предмалку ми се јави, ми кажа дека е горд на мене и ми честиташе за победата – рече тој.

– Не разбирам зошто луѓето зборуваат за тоа како сум скокнал од кафезот. Мекгрегор ја навредуваше мојата религија, го пцуеше мојот татко. Дојде во Бруклин и за малку ќе убиеше неколку луѓе, зошто никој не зборува за ова? – порача Русинот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This