Нaд илjaдa пpивeдeни и 50 пoвpeдeни во дeмoнcтpaциитe во Бeлopycиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија, соопшти Министерството за здравство.

-Синоќа 51 лице е повредено и е примено во ургентни центри и болници во Белорусија, а на сите им е укажана целосна медицинска помош, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека повеќе од илјада лица кои учествувале на нелегални демонстрации се приведени во минатата ноќ.

-Во текот на ноќта на 11 август и во утринските часови на 12 август, регистрирани се нелегални собири на граѓани на 25 локации. Повеќе од илјада лица кои учествувале во илегални масовни демонстрации беа уапсени и приведени, се вели во соопштението на полицијата.

Истражните тела покренаа 17 кривични пријави против лица кои учествувале во нападите врз припадници на полицијата, се додава во соопштението на полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This