Нaздpaвje: Пo гpeшкa фpлил 280 милиoни дoлapи вo ѓyбpe..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На еден Велшанец, по грешка, му се појавил доста голем проблем.

Имено, тој во 2013 година фрлил хард диск од „ископани“ 7.500 биткоини во отпад, што денес вредат околу 280.000.000 долари.

Џејмс Хауелс, софтверски инженер, се откажал од „рударството“ на биткоини уште во 2009 година, бидејќи тогашната негова девојка сметала дека „сето тоа е премногу гласно“, а го зачувал само хард дискот, кој после четири години завршил во депонија.

Уште во 2014 година, тој за првпат ја контактирал градската администрација во Њупорт, каде што живее, со цел да му помогне да го најде хард дискот, ветувајќи им процент од биткоинот на пронаоѓачите.

Сепак, тогаш бил одбиен, а сега им испратил нова понуда – награда од 70 милиони долари, пренесува порталот AltRamp.

Таа година, кога го фрлил „спорниот“ хард диск, градската депонија била преполна, па отпадот бил закопан на други локации, а доколку тој би имал сериски број на локацијата и пристап до извештајот, би можел да оди точно на местото каде што е „закопано“ неговото богатство.

Неговото барање, и покрај сè, остана неиспитано. Трошоците и ризиците од ископувањето се едноставно превисоки, му посочиле од градската администрациј, а додале и дека штетата врз животната средина од таквиот потфат би била голема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This