April 19, 2024, 10:38 am

НAПAДНАТ ДОМОТ НА ГРЧКА ПРАТЕНИЧКА: Ги нaпaднaлe со мoлoтoви коктели додека спиеле!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна синоќа непознати лица со молотови коктели го нaпaднaлe домот на пратеничката од СИРИЗА, Теодора Ѕакри, додека во него било нејзиното семејство, јавува дописничка за МИА.

 

Ѕакри за грчката новинска агенција АНА-МПА, изјави дека „станува збор за убивcтвeн нaпaд зад кој стојат политички сили чијашто апатија ја подели земјата и им даде право и комфор на секој фашист и убиец да излезе и да се чувствува силен“.

„Сакам до сите овие убијци да испратам порака дека решително ќе продолжам да се борам за моите идеи и верувања секогаш со националниот интерес како водечки критериум. Ги повикувам сите сили, на демократијата и напредокот да издигнат непропустлив ѕид против фашистичката закана и ги осудат и изолираат носителите на овие одбивни идеи и постапки“, вели Ѕакри во изјавата за АНА-МПА.

За нападот, преку неговиот официјален Твитер профил реагираше грчкиот премиер кој напиша дека на почетокот беа заканувачките пораки до пратениците, потоа плакатите, па обидот за упад во Парламентот, „за да стигнеме до потпалување на домови на пратеници“

„Оние кои што се прават дека не гледаат, не слушаат, не разбираат, носат голема одговорност“, напиша Ципрас.

Нападот го осудија и од опозициската Нова демократија.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This