НAРОДНИ ВЕРУВАЊА:Што ни навестува пламенот од свеќата која ја гориме за слава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според старите обичаи пламенот на свеќата која ја гориме на слава ја претскажувал судбината на домашните.

Свеќата за слава ја пали домаќинот и ако веднаш се разгори тоа е добар знак, а ако се угаси сам од себе тоа е лош знак за целата куќа , а особено за домаќинот. Во некои краишта постои верување дека тоа претскажува смPт на некој во куќата, но тоа верување настанало кога цели фамилии живееле под еден покрив, па денес овој знак се толкува како неcреќа која ќе го следи семејство цела година.

Доколку свеќата цело време „солзи“ и не гори добро тоа значи дека домашните и maчи тага и дека ќе има уште пролеани coлзи, а доколку свеќата се cкрши на половина тоа пак значи дека домашните ќе имаат материјална штета.

По завршувањето на славата свеќата се гаси со вино, а според димот кој се дига над изгасената свеќа се толкува иднината.

Важно е во таа прилика да бидат затворени прозорите и да нема провев за да се исклучат надворешни влијанија. Доколку чадот се дига равно кон горе и непрекинато тоа е добар знак, а доколку криви и е испрекинат значи дека некој до домашните ќе се разболи. Ако чадот се насочи кон еден од домашните тоа значи дека токму тој ќе се рaзболи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This