Нaјнови детали: Кинecкатa pakeтa се приближува кон Земјата, познато каде ќе се cpyши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Остатоците од најголемата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“, која беше лансирана минатата недела, се очекува да навлезат во атмосферата на Земјата доцна во саботата или недела наутро, објави американскиот центар за вселенски истражувања и развој.

Кинеското Министерство за надворешни работи во петокот објави дека остатоците од ракетата согоруваат во контакт со атмосферата на Земјата, американска војска претходно соопшти дека силите на американската вселенска команда го следат падот на делови од кинеските ракети за време на, како што е наведено, неконтролираниот влез во Земјината атмосфера, цитираше Ројтерс.

Според сегашните прогнози на американскиот вселенски центар за истражување и развој, остатоците од кинеската ракета најверојатно ќе паднат недалеку од северниот остров на Нов Зеланд.

Ракетата „Лонг марч 5Б“ беше лансирана минатата недела и таа е втора ракета од тој тип што беше лансирана во вселената од мај минатата година.

Остатоците од ракетата „Лонг марч“ што падна на Земјата по минатогодишната мисија тежеа околу 20 тони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This