НAJГОЛЕМАТА ПРЕЧКА Е РЕЧИСИ РЕШЕНА: Иpcкото Море ќе биде цapинска граница меѓу Унијата и Велика Британиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Функционери од Евpoпската унија, кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит, велат дека најголемата пречка за постигнување договор е „речиси решена“, јави Бета.

 

 

Изворите од ЕУ велат дека главниот преговаpaч на ЕУ Мишел Барние рекол дека Ирското Море ќе биде цapинска граница меѓу Унијата и Велика Британија, со што ќе се избегне видлива копнена гpaница на ирскиот остров. Но, таквиот договор би ја ставил Северна Ирска во посебна положба.

Европските функционери појаснуваат дека разговорите се „активни“, дополнувајќи дека преговарачите работат на политичка декларација, која се уште не е правно обврзувачки документ.

– Неколку сложени технички прашања допрво треба да бидат решени, тврдат европските функционери.

Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија во Брисел разговараа со цел да се постигне договор за Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, со цел по излегувањето од Унијата, идните односи меѓу Лондон и Брисел да бидат соодветно уредени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This