Нajмнoгy дoжд вo Лазарополе, нa Шапка 38 caнтимeтpи cнeг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Лазарополе – 11 литри на метар квадратен, додека најмногу снег има на Попова Шапка, каде што снежната покривка е 38 сантиметри, информира УХМР.

Најмалку дожд наврнал во Штип – помалку од еден литар, додека во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Струмица наврнале по еден литар на метар квадратен.

Најстудено утрово во 7 часот било во Скопје – Петровец – 0 степени, а најтопло е во Охрид, Прилеп и Демир Капија каде се измерени по 6 степени целзиусови. Во Скопје – Зајчев Рид се измерени 2 степени.

Во текот на ноќта преовладуваше умерено до значително облачно време, во западните делови со локален дожд. Изутринава е умерено до значително облачно, а на југоистокот сончево. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This