Нajмaлкy 39 зaгинaти вo тajфyнoт „Вамко“ на Филипините, ce тpaгa пo иcчeзнaтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тајфунот „Вамко“, кој ги погоди Филипините, однесе најмалку 39 животи, а војската и полицијата сè уште трагаат по десетици луѓе кои се водат како исчезнати.

Тоа е 21. тајфун што ја погоди земјата од почетокот на годинава и се смета за најсмртоносен и предизвика поплави во Манила и околните провинции, пренесува „Ројтерс“.

Воениот командир Гилберт Гапеј изјави дека се трага по 22 лица. Некои од жртвите загинале во поплавите, а други во лизгање на земјиште или куќи што се урнале. Десетици куќи беа поплавени, иако нивото на водата во некои делови почнало да се повлекува. Околу 500.000 домаќинства немаат електрична енергија.

Тајфунот Вамко се сели во Виетнам, каде што се очекува да пристигне во сабота.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This