Нajнoв aпeл oд руски дoктop: „Eднa paбoтa пpeд вakцинaциjaтa e зaбpaнeтa, мoжe дa дoвeдe дo cepиoзни пpoблeми“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На денот на вакцинацијата не смее никако да се консумира алкохол“, вели еден од најпознатите руски доктори, проф. д-р Јевгениј Брин.

„Било какви лекови не треба да консумирате истовремено со алкохол. Освен што е токсичен, алкохолот го ослабнува дејството на вакцината и негативно влијае на вашиот имунитет“, објаснува д-р Брин.

Вакцината „Спутник V“ не смее да ја примаат ниту деца до 18 години, за нив ќе бидат направени посебни дози, како и за бремените жени.

Вакцината не смее да им се дава на луѓе кои што имаат повисока температура од 37 степени целзиусови, како и на оние кои што се заболени од некои инфективни болести или пак имаат потешки хронични заболувања.

Особено е важно и тоа дека вакцината не треба да им се дава на луѓето кои што имаат алергија на некои од компонентите од кои што истата е направена.

Што се однесува до бремените жени, произведувачите не сакаат да влегуваат во ризични ситуации, па поради тоа не се препорачува ниту за нив.

Интересно е тоа што во Русија, но и во многу други земји од светот бремените жени кои што биле заразени со коронавирус раѓале здрави деца. Докторите тврдат дека мајката која што е заразена со коронавирус не може да го зарази плодот кој што го носи во себе.

Но, сепак сите руски лекари предупредуваат дека бремените жени треба да внимаваат од било каква зараза, а не само од коронавирусот.

Произведувачите на вакцината сметаат и дека мајките кои што ги дојат децата не треба да бидат вакцинирани. На тој начин ќе се избегнат било какви компликации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This