Нayтpo мaглa, пpeкy дeнoт coнчeвo – зa викeндoт дoжд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наутро по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

И во сабота ќе се задржи релативно топло време, по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и во недела претпладне.

За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This