Нeноpмaлнa работа – Организирале кopoнa забави, па се облoжувaлe кој прв ќе се зaрaзи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студенти од Таскалуса, Алабама, на кои им бил дијагностициран Koвид-19, присуствувале на забави во и околу градот, како дел од вознемирувачкиот натпревар за да видат кој може прв да го фати вирусот, изјави член на градскиот совет.

Во последните неколку недели, се забележува зголемување на бројот на забави на неколку локации каде доаѓаат студенти или деца, иако знаат дека се позитивни на коронавирус. На почетокот мислевме дека станува збор само за гласини, но се покажа дека навистина се случува“, рече Ренди Смит, началникот на противпожарна единица на состанокот на Градскиот совет во Таскалуса.

Членот на Советот, Соња Мекинстри изјави дека гостите на вакви забави собираат пари во сад и ја даваат целата сума на лицето кое прво ќе се зарази.

Нема смисла. Тие го прават тоа намерно, рече Мекинстри.

Полицијата се вклучила во сè затоа што заразените лица кои присуствуваат на вакви забави ја кршат регулативата според која изолацијата од 14 дена е задолжителна во случај на инфекција. Кој и да ја занемари е казнет со 500 долари.

Во Алабама во моментов има 38.962 потврдени случаи на коронавирус, а 972 луѓе починале, според базата на податоци на Њујорк Тајмс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This