Нe e лeceн фpaepcкиoт живoт: Jaпoнцитe гo cycпeндиpaа cвoјoт cвeтcки шaмпиoн во пливaњe пopaди швaлepaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Јапонија сериозно се почитуваат моралните вредности, па без разлика колку и да е успешен некој, ќе ги сноси последиците ако не се однесува коректно.

Пливачката федерација на Јапонија го суспендираше четирикратниот светски шампион Даија Сета до крајот на годината поради тоа што имал вонбрачна љубовна афера. Тој го прекршил кодексот на однесување на федерацијата, па сега мора да ги сноси последиците.

Актуелниот светски шампион во дисциплините на 200 и 400 метри мешано повеќе не е капитен на јапонската репрезентација откако јавно ја призна аферата.

„Моето извинување е за да продолжам со пливањето, да ја вратам довербата на моето семејство, кое беше силно погодено и моето неодговорно однесување“, изјави Сето. „Би сакал да се соочам со пливањето со одлучност да започнам одново за моето семејство и сите други повторно да ме гледаат како пливач“, додаде Јапонецот.

Сето ќе може да се натпреварува на Олимписките игри во Токио идното лето, бидејќи неговата суспензија ќе истече во јануари 2021 година. На минатата Олимпијада во Рио во 206 година тој на 400 метри мешано го освои бронзениот медал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This