НECПOCOБНОСТА НА ВЛАСТА ЌЕ ЈА ЧИHИ МАКЕДОНИЈА ЕПИДEMИJA: Пациенkaта покажувала cимптomи кога влегла во Македонија, никој не ја peгиcтрирал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред малку Владата, поточно премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство го потврдија првиот пациент болен од коронавирус во Република Македонија. Станува збор за  повратник од Северниот дел од Италија кој се наоаѓала во фаза каде имал изразени симптоми кога пристигнал во Република Македонија.

Неспособноста на власта во моментов може да ја чини Македонија епиденимија на коронавирусот! Клучното прашање е зошто надлежните на време не реагирале и не ги превзеле потребните мерки за превенција и спречување за натамошно ширење на вирусот со оглед на фактот што таа веќе ги имала симптомите на истиот?!

Пациентката е влезена утринава после 2 часот со комбе изутрина и не е регистирирана на ниту една од превентивните мерки за ширење на вирусот и покрај фактот што ги покажувуала сите симптоми. Пациентката сама се пријавила на инфективната клиника и не е познато во моментов со колку луѓе имала контакт до моментот кога е ставена во изолација.

Власта мора да одговори зошто патниците кои доаѓаа од региони во кои владее епидемија на вирусот не беа сместувани во 14 дневен задолжителен карантин, нешто што е логично!

Во однос на спремноста на власта за справување и спречувуање на коронавирусот најдобар коментар даде актерот Сашо Тасевски. Прочитајте:

Она што загрижува најмногу не е корона вирусот, туку оној став на власта и здравствениот систем: Лако ќе мо ми то! А ваму, објективно, две нацртани овци да ви дадат ќе ви избегаат. Не може бре да ти доаѓаат луѓе од заразени подрачја, а вие да ги пуштате во државава само со проверка на пасошот и гаќите во куферот. Не може. Малоумни ли сте?, прашува актерот Сашо Тасевски на Фејсбук.

„Кина изгради цела болница за неколку месеци од две или три милијарди долари, ангажираше два милиони луѓе околу карантините и внатре, што војска што полиција, лекари, сестри и други. Знаете дека го стрелаат секој што ќе се обиде да го напушти карантинот без дозвола? Го стрелаат. Вариола Вера епидемијата во 1972 кога дошла во Југославија, читнете каков бил карантинот. Пиле не смеело да прелета. Војска и милиција вриело.“ вели Тасевски и додава:

„Вие дома ги пуштате без проверка. Карантин јок. Нас ќе не одмине стопосто. Каква корона. Лажни вести Се е овде лоша импровизација, ако воопшто ја има. Ние сме говеда без мозок што само се препуштаат на судбината. Инфантилни луѓе на чело на инфантилна држава. Затоа тонеме. Не корона, вошки ќе не изедат кај и да е.“ стои во статусот на Тасевски

Она што загрижува најмногу не е корона вирусот, туку оној став на власта и здравствениот систем: Лако ќе мо ми то!А…

Posted by Sasho Tasevski on Tuesday, February 25, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This