Нoв Зeлaнд го пpoдoлжи кaрaнтинoт за 12 дeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го продолжи карантинот во таа земја за 12 дена, откако бројот на случаи во еден кластер се зголеми за 29.

На почетокот на епидемијата, Нов Зеланд успешно го бореше вирусот и немаше ниту еден случај на инфекција 102 дена, јавува Би Би Си.

Ардерн појасни дека карантинот е продолжен за 12 дена бидејќи толку е потребно да се открие кластерот, а потоа и изолира. Таа рече дека сите 29 случаи се поврзани со еден кластер во Оукленд, поради што 38 лица се во изолација. Премиерката додаде дека следењето на контактите на заразениот покаѓале дека не е поврзан случајот со влез или излез од некоја земја и рече дека очекува уште случаи од истиот кластер.

Министерот за здравство Крис Хипкинс претходно изјави дека со тестирање на геноми на најновиот случај, утврдено е дека тој дошол од Велика Британија или Австралија, но допрво треба да се утврди на кој начин стасал до заразеното семејство. Тој ги отфрли шпекулациите на некои експерти дека вирусот „тивко се ширел низ Оукленд со недели наназад“, посочувајќи дека постојат сигурни докази дека таа претпоставка не е точна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This