ОБАМА ЗАГОВАРА СОБОРУВАЊЕ НА ТРАМП: Владата во сенка од заостанати лојалисти на Обама обелоденуваат информации од Белата куќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку разузнавачки инсајдери во САД истапија последните неколку дена за да ја опишат владата во сенка од заостанати лојалисти на Обама кои обелоденуваат информации од Белата куќа за да го попречат претседателството на Трамп, а оставката на советникот за национална безбедност, Мајк Флин, е нивниот прв голем успех, пишува „Брејтбарт“. Постојат наводи дека дури и поранешниот претседател Барак Обама е активно вклучен, посочувајќи на неговото формирање команден центар во Вашингтон и континуираното учество со активистички организации. Пензионираниот потполковник Тони Шафер, офицер обучен од ЦИА за одбрана и разузнавање, вели:

– Ова им го припишувам директно на Џон Бренан и Џим Kлапер, а би отишол и толку далеку да речам дека и Белата куќа била директно вклучена во ова пред тие да заминат.

tramp-i-obama

Шафер вели дека е јасно оти чувствителните информации кои може да ги загрозат методите за собирање разузнавачки информации на САД им се откриени на медиумите како дел од кампањата за соборување на Флин од луѓето што имале пристап до информациите над нивото „строга тајна“. Тоа значително ја намалува листата осомничени.

„Вашингтон фри бикон“ цитира повеќе извори во и надвор од Белата куќа за да ја опише тајната неколкумесечна кампања на доверливите луѓе од поранешната администрација на Обама да го хендикепираат апаратот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп и да го зачувуваат нуклеарниот договор со Иран. Според извори на весникот, лојалистите на Обама се високоорганизирани под директно раководство на поранешниот заменик-советник за национална безбедност, Бен Роудс. Роуд минал низ многу валканици за да се постигне иранскиот нуклеарен договор и нема да се откаже од него без борба. Флин бил цел на нападот бидејќи се подготвувал да објави многу од деталите од нуклеарниот договор намерно скриени од јавноста од администрацијата на Обама за да обезбеди поддршка за договорот.

– Оставката на Флин е нивната прва голема победа, но ако луѓето на Трамп не се сериозни во врска со „чистењето на куќата“, нема да биде последна – предупреди извор на „Вашингтон фри бикон“, што укажува дека лојалистите на Обама допрва се загреваат.

Пол Спери од „Њујорк пост“ ја одведе идејата за влада во сенка чекор подалеку сугерирајќи дека Барак Обама лично активно го води шоуто, кое не вклучува само обелоденувања во Вашингтон, туку и уличен театар кај целата нација. Kога Обама изјави дека е охрабрен од анти-Трамп протестите, тој им испрати порака со одобрување на повеќе од 30.000 свои агитатори кои ќе се борат против Трамп на секој чекор, а Обама ќе ги командува од бункерот на помалку од пет километри од Белата куќа.

Обама не останува само така во Вашингтон. Тој работи зад кулисите за да создаде влада во сенка, која не само што ќе го заштитува неговото наследство кое е под закана туку и ќе ги саботира новата администрација и нејзината популарна агенда „Прво Америка“. Тој го прави тоа преку мрежа левичарски непрофитабилни организации под водство на „Организирање за акција“ (ОФА). Оваа организација, која требаше да се затвори кога тој ја напушти функцијата, напротив, ги засилува активностите и ги мобилизира лојалистите преку повеќе од 250 канцеларии во земјата. Спери нагласува дека Обама е с` уште многу активен во ОФА, која собра донации во вредност од 40 милиони долари од 2013 година и е само една од мрежата организации на Обама.

Агитаторите на ОФА не се типични демонстранти од типот на „Блек лајвс медр“ или „Окујпај волстрит“ туку професионално обучени организатори кои минуваат низ шестнеделна обука слична на обуката – која влече корени од тактиките за агитација на Сол Алински – што Обама ја доби во Чикаго кога беше организатор на заедницата. Алински, познат кај левицата како „татко на организирањето на заедницата“, ги учи радикалите како да создаваат услови за револуција. Тој му ја посвети својата книга „Правила за радикалите“ на Луцифер, а Мишел Обама ја цитира токму таа книга кога помогна да се оформи ОФА во 2013 година.

Елизабета Божиноска

ОФА има прирачник за протести против Трамп

„Организирање за акција“ (ОФА) на Обама сега обучува илјадници агитатори за протести против политиките на Трамп и планира уште посилно да удри врз републиканските законодавци што ги поддржуваат тие политики неделава, кога тие ќе се вратат во матичните држави на одмор од Kонгресот, во текот на кој ќе организираат средби со локалните гласачи и други настани.

ОФА сега дистрибуира прирачник за обука до активистите против Трамп во кој ги советува како да ги малтретираат републиканците кои ги поддржуваат укинувањето на обамакер, забраната за влез на мигранти од муслиманските земји и изградбата на ѕидот кон Мексико.

Прирачникот, објавен со „Индивизбл“, партнерот на ОФА, им советува на демонстрантите да влегуваат тивко во градските собранија за да не го креваат алармот, и да седнуваат во првите редови, но не сите на едно место туку распрскани за да се добие впечаток дека сите присутни се против ставовите на републиканецот што ќе говори. Потоа им се советува да поставуваат непријателски настроени прашања, да не го оставаат микрофонот и да го исвиркуваат политичарот ако не добијат вистински одговори.

Целта е да се натераат републиканците, дури и од т.н. безбедни области, да ја преиспитаат својата поддршка за агендата на Трамп. Меѓу советите е и да се снима секоја интеракција, а потоа снимките, особено оние на кои има негативна комуникација, да се испраќаат до локалните и националните медиуми.

На листата совети се и телефонско јавување и електронски пораки полни бес и неодобрување до законодавците што го поддржуваат Трамп со барање за оставка на неговиот клучен советник Стив Банон.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This