ОБАМА НА ЗАМИНУВАЊЕ ГО ПАЛИ СВЕТОТ: Воведени нови санкции против Русија и избркани 35 дипломати и разузнавачи од САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот во заминување на САД Барак Обама објави нови санкции против Русија, руски компании и индивидуалци кои САД ги обвинува за хакирање на Американските институции во екот на изборниот процес во земјата. Трезорот исто така објави санкции против пет ентитети и четворица индивидуалци

obama

Во извршна наредба, која Обама ја потпишал доцна вечерта во среда, е објавено дека претседателот презема „дополнителни чекори за справување со национална итност во однос на значајни малициозни сајбер активности…во поглед на зголемување на ваквиот тип на активности за да се потдрие демократскиот процес и институциите“

Петте институции под санцкии се: Професионалната асоцијација на дизајнери и процесирачки системи за податоци; Автономна некомерционална организација; Федералната служба за безбедност (ФСБ); Главниот разузнавачки директорат (ГРУ); Специјалниот Технолошки центар; и Зорсекјурити, претходно познат како Есаж или Тсор Безбедност.

Четворицата индивидуалци се Владмир Степановиќ Алексеев, прв заменик шеф на ГРУ, Алексеј Алексејевич Белан, Евгениј Михајлович Богачев, Сергеј Гизунов-заменик шеф на ГРУ, Игор Коробов – шеф на ГРУ и Игор Костјуков – прв заменик шеф на ГРУ.

САД исто така прогласи за непожелни во земјата и 35 Руски разузнавачки оперативци, на кои им даде 72 часа да ја напуштат државата, како одговор на малтретирањето на дипломати на САД во Москва, објавуваат од Белата Куќа.

„Овие активности не се во потполност наш одговор на агресивните активности на Русија“, предупредил Обама, додавајќи дека САД сеуште има бројни алатки во арсеналот кои може да ги употреби „во време и место кое ќе го одбере, некои од нив нема да бидат јавно објавени“.

Администрацијата на Обама исто така ќе обезбеди извештај до Конгресот за „обидите на Русија да влијае врз изборите во САД, како и малициозните сајбер активостни кои се однесуваат на изборниот циклус“, рекол Обама.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјавил дека овие активности на Обама нема да вродат со плод, наместо тоа САД треба да се фокусира на зголемување на нивото на безбедност на дигиталните мрежи.

Русија ги отфрлува овие напади, со објаснување дека се премногу несериозни и хумористични за коментар.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This