ОБАМА СТАНУВА ФИЛМСКИ ГИГАНТ:Ќе биде продуцент на Нетфликс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познато е во американската понова историја дека претседателите кои вршеле услуги на компании додека биле на власт профитот го наплаќаат подоцна. Примаат по 250.000 долари за саат време предавање, добиваат исклучително високи хонорари како консултанти и слично. Поранешниот претседател Обама отиде чекор понатаму.

Поранешниот американски претседател Барак Обама е во преговори со Нетфликс со цел да биде продуцент на високобуџетна серија. Разговорите се уште не се завршени, но се во напредна фаза.

Обама сепак нема да го користи своето шоу на Нетфликс за да упатува критики кон конзервативната политика на својот наследник Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.

– Претседателот и г-ѓа Обама секогаш верувале во моќта на приказната да инспирира. Во нивниот живот, тие често ги популаризираат луѓето кои сакаат го променат светот кон подобро. Новиот проект значи продолжување на таа пракса – изјави Ерик Шулц, советник на поранешниот претседател.

Првичните информации говорат дека тоа ќе биде документарна серија за разговорите кои Обама ги имал околу своите политички реформи, од коишто некои и денес создаваат поделби во американското општество. Мишел Обама пак, е заинтересирана за темите околу нејзината вечна страст – нутриционизмот.

Хонорарот за планирате продуценти, се уште не се соопштува.

Инаку, Барак и Мишел Обама моментно ги подготвуваат и своите мемоари за коишто добија 60 милиони долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This