ОБВИНИТЕЛИТЕ РЕАГИРААТ НА КРАТЕЊЕТО НА БУЏЕТОТ: Пари за квази-обвинителството на Катица може, за државното не!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители денеска реагираше на кратењето на буџетот на Јавното обвинителство и побараа тоа да не се право со ребалансот на претстојниот буџет.

-Здружението како невладина, непартиска, неполитичка, непрофитна и доброволна организација во која слободно се здружуваат членовите на Здружението има за цел јакнење и унапредување на општествениот статус и углед на јавно-обвинителската функција,  доследна примена на професионалните стандарди и интереси на јавните обвинители, заштита на достоинството и угледот на носителите на јавно-обвинителската функција, усовршување на материјалните и техничко-технолошките услови за работа на јавните обвинители, посебно акцентирајќи ја мисијата на заштита на материјалните и професионалните интереси на членството, се вели во нивниот допис.

– Видно од објавениот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија, евидентно е проектираното намалување на средствата на Јавното обвинителство на Република Македонија за 2017 година и тоа од вкупно 259.213 на 237.574, а во однос на средствата предвидени за имплементација на Законот за кривичната постапка, се определуа намалување од 214.455 на 195.130. Во оваа насока, во делот на плати и надоместоци на вкупно 552 вработени во Јавното обвинителство на Република Македонија износот на средствата се намалува од постојните 218.323 на 205.558, додека за обезбедување на стоки и услуги од 39.886 на 28.000, се вели во соопштението.

Оттаму велат дека обезбедените средства, особено за исплата на плати на јавните обвинители и вработените во обвинителствата се од есенцијално значење за нормално функционирање на јавните обвинителства.

-Со отпочнувањето со примена на новиот Закон за кривичната постапка на 01.12.2013 година, надлежностите на јавното обвинителство, се зголемија во голем обем, дотолку повеќе што сега јавното обвинителство, како единствен и самостоен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела, е носител на истражната постапка. Со оглед на условите во кои работат и функционираат јавните обвинителства, а особено видот и карактерот на работата, посебните услови и постоењето на висок ризик за работа, како и степенот на доверливост, обезбедените средства за тековно работење и плата не се луксуз, туку се неопходни за ефикасно, нормално функционирање и спроведување за работните активности. Вработените во јавните обвинителства имаат огромен обем на работа, десетици илјади предмети во работа, спроведуваат дежурства, истраги, меѓународна правна соработка и работат под посебни услови. Обезбедените средства за тековно работење и плата се неопходност за која долги години се бореше јавното обвинителство, се вели во соопштението.

Кратењето на истите ќе значи неправда и враќање во поранешна состојба.

Во оваа насока, Здружението на јавните обвинители во Република Македонија аргументирано реагира на предложениот ребаланс за 2017 година и упатува барање Буџетот на Јавното обвинителство на Република Македонија да не се намалува од наведените причини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This