ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ БАРА СПИСИТЕ ЗА „ПУЧ“ ОД СЈО: Обвинителите ќе истражуваат зошто СЈО се откажало од „Пуч“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на јавни обвинители ги бара списите од кривичниот суд и специјалното јавно обвинителство за предметот Пуч.

ojo-640x493

Во соопштението до медиумите советот објаснува дека постапуваат по преставка доставена нив, а ќе се истражува откажувањето на СЈО од случајот во кој беа обвинети петтмина меѓу кои и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Списите ги бараат во најкраток можен рок, а ќе се одлучува на седница, информираат од советот за Телевизија Нова.

„Заради разјаснување и согледување на преземените дејствија од страна на јавниот обвинител, истиот е должен да ги достави бараните списи до Советот на јавните обвинители. Според член 7, став 3 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите „Јавниот обвинител ќе биде професионално одговорен за стручните и законските дејствија при неговата работа пред Советот на јавните обвинители“, велат од Советот на јавни обвинители.

Според извори на Телевизија Нова, преставката до Советот на јавните обвинители ја поднело министерството за внатрешни работи, се сомнева дека со откажување од гонење, сјо постапило спротивно на законот. МВР пред две години по полициската акција ПУЧ поднесе кривична пријава за сторено дело шпионажа, и насилство врз највисоките државни функционери.

Постапувањето по преставката во советот е во почетна фаза, откако ќе ги добијат списите ќе се утврдува дали сјо преземало дејсвија согласно законот. Од Советот не сакаат да прејудицираат како нивното постапување би влијаело на предметот Пуч.

Од СЈО за тв нова потврдуваат дека го добиле барањето од Советот, откако ќе го подготват обемниот материјал од преметот ќе го испратат до советот во најкус можен рок, велат од кабинетот на Катица Јанева.

Минатат недела петмината обвинети од ПУЧ добија решение со кое се ослободуваат од гонење од кривична одговорност. Судот го затвори случајот на барање на СЈО со образложение дека обвинението е спротивно со доказите што ги поседува ова обвинителство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This