Обвинителството, Дирекција за спасување, Крим техника извршиле увид во Глобал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

До крајот на денот и крим техничарите од Министерството за внатрешни работи треба да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал“.

Во пожарот, кој избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на трговскиот центар.

Очекуваме обвинителството наскоро да ги соопшти причините за пожарот и да се лоцираат одговорните за кои ќе поведе соодветна постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This