ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВАРА ИСТРАГА: Јавното обвинителство ќе ја истражува смртта на Калина и Александар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонското обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан, дознава Макфакс.

Според извори од обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства.

Од обвинителстово засега не откриваат кој се ќе биде сослушан во врска со трагедијата која се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје.

„Се зависи од тоа кога ќе стигнат наодите од Грција“, велат од Јавното обвинителство. Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработваат со македонската полиција за разветлување на причините за трагедијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This