Обвинителството повлече дел од доказите за 27 април, меѓу нив се и пораките од мобилниот на пратеничката Пешевска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран крим инал и корупција повлече дел од доказите во постапката за наси лството за 27 април. Меѓу повлечените докази кои се дел на обвинител ството против обвин етите е и наредбата за вештачење на мобилниот телефон на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

Комуникацијата што Пешевска ја имала пред и на денот на упа дот во Собранието нема да биде дел од доказите на обвинителството, бидејќи, како што кажа обвинителката Вилма Рускоска не произлегуваат релевантни докази за оваа постапка.

Обвинителството утврдило и дека во претходно направените вештачења на мобилните телефони, нема комуникација со Пешевска, ниту пак има материјални докази кои би укажале на нејзина поврзаност во овој настан. Пратеничката Пешевска беше прив едена заедно со останатите пратеници кои се обв инети во оваа постапка. На неа и беше определена мерка куќен притвор. Кога во март, 2018 година беше поднесено обвинени ето за наси лството во Собранието, Пешевска не се најде на листата на обвинети лица бидејќи за неа немаше докази дека е вмешана во насилството во Собранието.

Обвинителката Рускоска од доказите ги повлече и двете ЦД-иња кои биле означени со Крим техника со број 1 и број 2. Причина за повлекување на овие видео снимки не тоа што го содржат истото она што го содржеле и веќе изведените снимки од увидот на 27 април.

Од доказите е повлечено и вештачењето на мобилниот телефон на обви нетиот Михаил Младеновски.

На денешното рочиште ќе бидат презентирани материјалните докази на обвин ителството.

На претходните рочишта беа презентирани смс и вибер пораки на неколку лица, меѓу кои и на поранешниот собраниски спикер и претседавач со Конститутивната седница, Трајко Вељаноски.

Во постапката за 27 април на 32 лица им се суди за терор истичко загроз ување на уставниот поредок и за помагање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This