ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПЛАШИ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ СДС: За фингираниот финансиски извештај на СДСМ, обвинителството сè уште молчи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финансискиот извештај на СДСМ за првиот дел од изборната кампања отвора сомнежи за тежок финансиски криминал од страна на владејачката партија. Експертската јавност и граѓаните веднаш увидоа дека СДСМ манипулира, но обвинителството молчи иако треба да го разгледа случајот и да поведе постапка.

Според финансискиот извештај, во ек на предизборната кампања за локалните избори на 15-ти октомври, СДСМ пријавуваат трошоци од само 40.000 евра, од кои само нешто повеќе од 17.000 евра се пари за кампања и пропаганда. Според експертите пак, доволно е да се излезе на улица, да се пушти телевизија или да се погледнат интернет порталите, за да се види дека овој финансиски извештај е фингиран.

Скопје и останатите градови вријат од билборди со кандидатите на СДСМ, поставување кое секако е на сметка на партијата. СДСМ плаќа големи суми на пари за да се рекламира на телевизиите и да постави банери на интернет порталите. Таа сума е многу поголема од парите кои партијата на Заев ги прикажува во јавност, а тоа со проста математика може да го потврди секој. Очигледно е дека СДСМ го фингира финансискиот извештај, но партијата молчи за да ги прикрие лагите, а обвинителството остана на страна.

Вкупните расходи на партијата се 2.598.256 денари, според моменталниот курс на денарот точно 42.122 евра, вели извештајот кој СДСМ го има пратено во Државната изборна комисија.

Вкупните трошоци на СДСМ во досегашниот тек од кампањата се 1.062.210 денари, или во евра 17.271.

Познавачите на состојбите, велат дека оваа сума не е ниту блиску до реалната на потрошени пари, со оглед на силната медиумска кампања која ја тера СДСМ.

Посимптоматично станува кога ќе се погледне дека во трошоците за кампања и пропаганда, се пресметани и 768.750 денари, или 12.462 евра, пари кои ги добила Алсат-М телевизија.

Значи СДСМ со 4.700 евра ги плаќа рекламите на телевизија, на интернет порталите, на билбордите низ градовите, на социјалните мрежи, со овие 4.700 евра исто така се испечатени и пропаганден материја како летоци, плакати, програми, маици, упаљачи, пенкала и уште многу други работи кои партијата ги користат во кампања.

Доказ дека станува збор за класична манипулација и кршење на законот е и тоа што СДСМ нема ставено никакви трошоци во полињата за рекламирање на телевизија, рекламирање на интернет, рекламирање на радио, нема пари за печатење програми. Експертите велат дека е доволно е да уклучите телевизор, отворите некој портал, пуштите радио во автомобил, за да се потврди дека се работи за криминал од страна на владеачката партија.

Иако од СДСМ реагираа на ова, на секој чекор можете да видите билборди и банери од кандидатите за градоначалници од СДСМ, а во финансискиот извештај тој трошок го нема. Инаку цената на еден билборд на фреквентно место во Скопје чини 1.200 евра месечно, а бидејќи на сите фреквентни места можеме да видиме билборди од СДСМ, се поставува прашањето како со 4.700 евра успеале да ги закупат.

Експертите велат дека полицијата мора веднаш да реагира. Меѓутоа велат и дека ако се гледаат досегашните активности на полицијата кога е во прашање сериозното прекршување на изборниот законик, тешко е да се очекува да реагира. Во текот на оваа кампања, досега министерството предводено до потпретседателот на СДСМ премолчува и прогледува за прекршувањата на законот од страна на СДСМ.

Инаку, СДСМ во текот на оваа кампања неколку пати го прекрши законот со изборен поткуп, сега и овие документи кои покажуваат дека покрај поткуп партијата прави и големи финансиски малверзации.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This