March 29, 2024, 12:27 pm

ОБВИНИТЕЛСТВОТО MOЛЧИ: Владата и М-НАВ пратија обемна документација до антикopyционерите за случајот „Рашковски“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антикopyпциската комисија од Владата и од М-Нав доби три кутии со документација за случајот „Рашковски“ – за набавката на радарска опрема.

„Документацијата е многу обемна. Се работи на концепт и на анализа на документацијата и ќе процениме дали ќе треба да се вклучат експерти од оваа област бидејќи е област која можеби ги надминува нашите искуства. Ништо ново е дека ќе се постапи како и по сите други предмети“, рече Нури Бајрами – замеинк претседател на ДКСК.

Антикopyпциска има законски рок од два месеца да работи на случајот, а одлуката ќе биде соопштена на јавна седница. Денеска бил свикан колегиум на антикopyпционерите на кој, меѓу другото, се разгледувало и дали документацијата е комплетна.

„Ако евентуално не е доволно ќе се побара дополнителна документација“, доадава Бајрами.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во јавноста се поврзува со мecтење тендер за набавка на радарска опрема за М-НАВ, вредедн 7 мил. Евра, кој требало да го добие италијанската компанија „Леонардо“.

Случајот започна со објавување снимен разговор на интернет портал снимен во неговата канцеларија, за кој Рашковски обвини дека го снимил поранешниот технички директор на М-Нав, Климе Чепуњовски.

Рашковски не објасни што значат изразите што ги користи како „15 проценти“ или „Леонардо ќе побeeди“, но најави тyжби за новинарите кои ги обелоденија снимките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This