Обвинитeлcтвoто покpeнало истpaга за сите модулapни бoлници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција – Скопје покренало истрага за сите модуларни болници во земјава, дознаваат „Слободен печат“.

Од лекарски извори на „Слободен печат “ дознаваат дека ниту модуларната болница во Велес нема технички прием за работа со пациенти. И таа, како и сите модуларни болници, е изградена врз основа на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање.

-Во интерес на истрага покрената од Основното Јавно обвинителство не сме во можност да дадеме било какви информации во врска со модуларната болница во ЈЗУ Општа Болница Велес, стои во одговорот на прашањето на „Слободен печат“ дали болницата работи без технички прием.

Претходно и раководителот на ковид-центарот во Тетово информираше дека модуларната болница што изгоре во пожарот е пуштена во употреба без технички прием, што е спротивно на тврдењето на Министерството за здравство дека модуларните болници се пуштени во употреба со уреден технички прием.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This