ОБВИНУВАЊАТА НА ТРАНСПАРЕНСИ ЗА КРИМИНАЛ ВИСТИНИТИ?: Апелациониот суд Скопје го укина Решението на Основниот суд Велес за ФЕНИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ НА 01.10.2018 година, донесе Решение ТС Ж бр. 1795/18 со кое Решението на Основниот суд Велес СТ.111/17 од 09.07.2018, СЕ УКИНУВА и предметот се враќа пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Основниот суд Велес со обжаленото решение го одобрил предложениот План за реорганизација на ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај, доставен од доверителот Глобал Спешал Опортјунитиес ЛТД со седиште Дилејни Корп (Бахамите) Лтд, Лифорд Манор, Вестерн Роуд, Лилфорд Кеј, п.фах ЦБ-13007 Насау, НП.Бахамите со регистерски број 157958 доставен во Основниот суд Велес.

Транспаренси Интернешнел Македонија во повеќе наврати укажуваше на неправилностите во стечајната постапка која се води за ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај.

Поради високиот јавен интерес и интересот на граѓаните на Република Македонија ТИ М и понатаму со внимание ќе го следи текот на стечајната постапка за ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај се до нејзиното завршување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This