ОБВИНУВАЊЕ ЗА НЕПРИСТОЕН ПРЕДЛОГ: Граѓаните против изгрaдбата на цинкара во Кавадарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непристоен е новиот предлог цинкара да се гради кај „Фени”, реагира еколошкото друштво „Тисовец” од кавадаречкото село Возарци. Претседателот Сашко Данов, нагласува дека биле непријатно изненадени од споменувањето на можноста, сепак цинкарница да биде изградена кај „Фени” и Возарци.

Со години вели се бореле за поздрава животна средина, од првиот миг биле против отварањето Г-1 зона за цинкара. Затоа и ја поздравуваат одлуката на вонредната седница од Советот на Општина Кавадарци, за негативното мислење во однос на барањето за отварање цинкарна од страна на кавадаречка компанија.

– Но, ај што прво не шокира и порази фактот, барање за отварање цинкара и Г-1 зона среде град, уште повеќе не револтира излагањето на градоначалникот Митко Јанчев. Имено тој, покрај се што наведе за компанијата која градела објекти дивоградби, предложи своевидно „пренасочување” на проблемот ! Наместо во град Кавадарци, цинкарна ако сакале, да отвореле во близина на комбинатот „Фени” во атарот на Возарци, со „оправдание” оти таму имало Г-1 зона, нагласува Данов.

Тој јавно го прашува градоначалникот што и за кого го предлага тоа.

– И наместо да анимира се, да пушти инспекции, кривични пријави, да ангажира и фирма за рушење ако треба, градоначалникот како да вели „ Немој цинкарна во Кавадарци, оди на неколку километри од Кавадарци – во Возаречко, таму и така е се отидено !”. Наместо да се бори и грижи за поздрава животна средина во секое село и секоја педа од општината, градоначачникот само „поттурнува под тепих”. Крајно, доволна е одлуката за отфрлање, што има да „му се помага” на ваков „див” субјект кој ги прекршил законите. Го потсетуваме градоначалникот и оти Возарци даде клучна поддршка за негов избор, а во кампањата вакви предлози и идеи не спомена. Затоа и повикуваме да го повлече овој предлог, или демантира како нешто на што воопшто сериозно се разговарало. Во спротивно, ќе организираме масовна петиција и протести пред општинската зграда, а ќе преземеме и други активности за спречување да се реализира овој предлог, додава Данов.

Од кабинетот на градоначалникот Јанчев појаснуваат дека тој немал никаква намера да пренасочува некого дали и каде да гради било што, туку само споменал дека градот има од порано постоечка една зона Г-1 за загадувачка индустрија кај „Фени” и нема да дозволи уште една таква зона.

– Градоначалникот останува на својот став дека секогаш ќе го почитува мислењето на граѓаните и во ниту еден момент нема да дозволи да бидат загрозени нивното здравје и животната средина, децидни се од неговиот кабинет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This