Обединетите бои на ВМРО-ДПМНЕ – победнички!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изборната кампања Парламентарни избори 2020 сведоци сме на остварување на еден многу посакуван идеал на раководството и членството на ВМРО-ДПМНЕ – ОБЕДИНУВАЊЕ.

Обединување на ветераните/основачи на партијата, на Унијата на жени, на Унијата на млади сили, на членството, на раководството на партијата и на симпатизерите. Конечно, после долг период на недоразбирања, сите се заедно, сплотени, обединети, мислат и дејствуваат како еден. Тоа беше алката која недостасуваше. Заслугата за ова долго посакувано обединување им припаѓа на сите.

Подеднакво. Нема митинг, нема средба со граѓани, а лидерот, Професорот д-р Христијан Мицковски да не се заблагодари за заслугите на ветераните/основачи, на Унијата на жени, на Унијата на млади сили, на сите претходни раководства, на сите членови на партијата, од основањето, па до денес. Не поминува ниту една средба со граѓаните избирачи, а на неа да не се присутни добро познатите ветерани/основачи, кои заедно со младите, со раководството и со членството ги убедуваат граѓаните избирачи да ја прифатат Обновата.

Да ги прифатат стратешките цели на партијата, политиките, мерките за обнова на Македонија и проектите преку кои тоа ќе се изведе. Сите заедно ја раскажуваат интересната приказна на ВМРО-ДПМНЕ, приказната за Обнова на Македонија. Приказната за Исправи се Македонијо! – Прифати Обнова!

Сето ова го гледам во Велес, Штип, Скопје, Кочани, Кавадарци, Виница, Прилеп, Струмица, Битола, Струга, Кичево, Радовиш, Охрид, Тетово, Куманово, Гостивар, Дебар и другите градови низ Македонија. Ама го гледам и во Зрновци, Зелениково, Ранковце, Чашка, Росоман, Пехчево, Гиновце, Градско, Мородвис, Облешево, Чешиново, Јегуновце, Ваташа, Лозово, Јакимово, Истибања и многу други мали општини и села. Гледам растрчани, активни млади луѓе како одат кај граѓаните избирачи и зборуваат за правда, принципи, промени, обнова, реформа, мерки и проекти за развој и прогрес на Македонија. Се посетуваат роднини и пријатели, нивните пријатели и пријателите на нивните пријатели. Тоа е сторителинг за ВМРО-ДПМНЕ обновена, подмладена и обединета. Сторителинг за Обнова на Македонија и обврзување за зачувување на Историјата, Идентитетот, Културата, Традицијата, Јазикот и секако, долготрајна и макотрпна битка за враќање на најсветлото, најсветото и најсвоето – Името Македонија. Сите тие се обединети бои и црвени линии од кои нема отстапување.

Гледам и чувствувам директна и искрена комуникација со граѓаните избирачи. Тоа се илјадници и илјадници моменти на вистината. На прашањата на граѓаните се даваат искрени одговори. Тоа се искрени мисли за Македонија, претворени во зборови, а зборови преточени во акција и дела. Мерките и проектите од Обновата се гаранција дека соништата ќе се преточат во јаве и реалност. Тоа е вистина кажана на добар начин. Достоинствена борба за вистината. Цврста решеност да се работи и живее Обновата.

Не може, а да не се види и почувствува дека сето тоа е ментална интелигенција во вид на знаење. Дека тоа е емотивна интелигенција како самодоверба. Физичка интелигенција, како дисциплина, и тоа вмровска дисциплина. И духовна интелигенција во вид на свест и совест, преточени во одговорност – гарантирани со нивно обврзување. Ум, срце, тело и дух во едно. Полетна енергија на вмровската младост обединета со долгогодишното вмровско искуство. Упорни и решителни жени-активсти, гордост на ВМРО-ДМПНЕ. Лидерство и раководство со визија ЗА ОБНОВА, ама и со знаење, умеења и способности, како тоа да се реализира. Членство со мотивација, срце и храброст за борба за исправена и горда Македонија. Македонија ОБЕДИНЕТА И ПРОСЛАВЕНА од Александар Македонски и неговиот татко Филип; ОСВЕТЕНА од апостол Павле; ОБЛАГОРОДЕНА од светите браќа Кирил и Методиј; ОПИСМЕНЕТА од Светите Наум и Климент Охридски; ПРЕСОЗДАДЕНА И ПОВТОРНО ОБЕДИНЕТА од славниот цар Самуил; БРАНЕТА од храбриот Добромир Стрез; ОБЕСМРТЕНА од Марко Крале; ОБЛЕАНА СО КРВТА на комитите, војводите, партизаните, револуционерите; ВТЕМЕЛЕНА ВО ВЕЧНОСТА од Илинден 1903, Крушевската Република, АСНОМ и Референдумот од 8 септември 1991. Ете тоа се обединетите бои на ВМРО-ДПМНЕ – победнички! Тие се чинителите кои го градат Македонскиот бедем, ја создаваат Македонската тврдина – Исправена Македонија. Изградена и создадена од горди Македонци.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This