ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЧЕКААТ ДА ЈА ВПИШАТ МАКЕДОНИЈА КАКО ДВОЈАЗИЧНА: Чекаат и Софија, Атина, Тирана и Мала Речица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со усвојувањето на законот за јазици во македонското Собрание што треба да се случи до крајот на годинава  во Обединетите нации ќе започне процедура за менување на именувањето на македонскиот јазик во регистерот на јазиците  но и во ткн „лична карта“ на Македонија во светската организација.

Еден од факторите кои што сигурно ќе започне ваква процедура е јужниот сосед кој што и онака 20 години има проблем со именувањето на јазикот и постојано се обидува наместо македонски јазик да вметне „јазик на кој што се говори во ФИРОМ“ во регистерот на јазиците.

Во ноември 2010 година на грчка инцијатива неколку дена регистерот беше променет и македонскиот јазик беше променет со јазик кој го говорат граѓаните на ФИРОМ но со интервенција на македонската дипломатија ОН беа приморани да ја вратат старата состојба.

Добро информирани дипломатски извори за Expres.mk велат дека во оптек се две варијатни.

Едната е македонскиот јазик да остане во графата за јазици а во посебна забелешка да се каже дека албанскиот  е исто така службен јазик во земјата.

Втората варијанта е да не се именува јазикот како македонски или албански туку да има општа одредница дека во ФИРОМ се користат јазиците согласно домашното законодавство.

Сега Грција ќе има причина повеќе да бара промена на именување на јазикот во ОН затоа што со усвојувањето на законот за јазици со кој Албанскиот станува службен и официјален во Македонија. Во исто време оваа ситуација ќе ја користи во притисокот врз официјално Скопје да се откаже од низа прашања поврзани со идентитетот.

Грција во оваа инцицијатива ќе има поддршка од Бугарија која што не случајно инсистираше и доби договор за пријателство кој што е потпишан на „јазикот кој што според уставот е официјален во Македонија“ а сега ист таков јазик ќе биде и албанскиот.

Интерес да се протурка оваа промена во регистарот на ОН имаат и Република Албанија како земја матица каде што албанскиот јазик е кодифициран но пред се партиите на Албанците во Македонија кои што пред своите гласачи ќе се пофалат дека нивната борба за правата на албанците е верификувана и во светската организација.

Прашањето за јазикот е еден од основните проблеми во ткн идентитетски прашања во спорот за името. Постоењето на два службени или официјални јазици во земјава од кој што едниот, македонскиот не се прифаќа од страна на Грција како меѓународно признат може да има сериозни импликации врз идните преговори за името за кои премиерот Заев најави дека лично не е подготвен да зборува за идентитетските прашања.

Доколку Грција уценувајќи ја владата за влез во ЕУ и НАТО успее да наметне било каква промена во статусот на македонскиот јазик, тое ќе биде прв и најзначаен чекор на патот кон менување на основите на македонскиот идентитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This