ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНЦИТЕ ДО 2025.ГОДИНА: Еди Рама го соопшти планот за обединување на Косово и Албанија до 2025. година!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Албанија Еди Рама на денешната заедничка седница со т.н. косовска влада и Владата на Албанија во Пеќ ја претстави идејата за „национален проект за обединување на Албанија и Косово“


Како што пренесе приштинска „Газета експрес“, Рама го повика премиерот на привремените приштински институции Рамуш Харадинај да започне со изработка на „заедничка стратегија за обединување на Албанците до 2025. година“.

Според неговите зборови, на припремата на тој проект ќе работат министерствата за надворешни работи на Косово и Албанија.

Приштинска „Коха“ пренесува дека на заедничката седница на косовската влада и Владата на Албанија е прифатен предлог на министерот за надворешни работи Беџет Пацоли за изработка на студија за „Албанската нација во следните 50 години“.

Пацоли рекол дека станува збор за документ кој ќе послужи како „платформа за развјо и зајакнување на албанската нација на Балканот“.

„Соочени со многу предизвици, Албанците мораат да имаат заедничка иднина“, рекол Пацоли по седницата.

Рама нагласил дека Албанија не може бесконечно да ја чека одлуката на ЕУ за пристапување во таа организација, односно дека и Тирана и Приштина се уморни од чекање на визната либерализација за Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This