Обидот да се спои историјата со општествените науки е обид за ретуширање на историјата и извитоперување на фактите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма, реагира на денешната изјава на Мила Царовска за укинување на предметот историја и спојување во еден предмет како општествена наука како во Финска, велејќи дека шарена лага е дека во Финска не се изучува историја, додавајќи дека тој овој обид го гледа како ретуширање на историјата каде што владата е може да прави извитоперување на фактите.

Шарена лага е дека во Финска не се изучува историја. Се изучува национална историја, го проверивме во Евридика податоците за нивните силабуси, се изучува историја и национална историја и обидот да се спојува тоа во еден предмет општествени науки, јас го гледам како обид за ретуширање на историјата. Знаете ќе се пишуваат нови учебници по тој некој нов предмет оштествени науки и тука ќе може владата да прави извитоперување на фактите и да добиеме баш такви некои идеи дека во Петрич и во Струмица зборуваат некој ист јазик или дека Бугарија е ослободител, посочи Андоновски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This