ОБИДОТ ЗА ПРИТВОР НА ГРУЕВСКИ ЗНАЧИ И НОВ КОНФЛИКТ: Заев го повлекува чкрапалото на нов конфликт во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апсењето на екс-премиерот би предизвикало нов конфликт во Македонија, бидејќи околу 200.000 членови на ВМРО и околу половина милион лојални гласачи сигурно не би биле пасивни – пишув Спутник и додава – Нови судир им одговараат само на оние кои имаат геостратешки интерес Македонија да биде кризна земја

© REUTERS/ OGNEN TEOFILOVSKI
© REUTERS/ OGNEN TEOFILOVSKI

Новиот прозападен македонски премиер не губи време! Зоран Заев, кој со тесно мнозинство и со помош на албанските парити успеа да стане прв човек на Македонската влада, почна да ги остварува ветувањата од изброната кампања и првите обвиненија од Специјалното обвинителство веќе почнаа да пристигнуваат на адреса на членовите на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО, чиј лидер е Никола Груевски – пишува Спутник.

Заев, по изборот за премиер, најави дека нема да има политички прогон, но очигледно го погази зборот бидејќи по прифаќањето на условите на Албанците и „тиранската платформа“, неговата популарност според анкетите, и тоа во неговото гласачко тело, видно опаѓа. ВМРО, кој инаку по бројот на добиени гласови, е и победник на вонредните парламентарни избори во Македонија, сега се спрема за локални избори кои се одржуваат во октомври, а Груевски најави дека тоа ќе биде вистински тест на граѓаните за владата на Зоран Заев – смета Спутник.

Дали поради овие негови зборови, СЈО подигна обвиненија за прислушкување на разговори кои опфаќаат 94 лица и седум правни лица, останува отворено прашање – пренесува Спутник. Обвинителството од Кривичниот суд ќе бара да се одреди притвор за 18 осомничени, меѓу кои се функционери од сега опозициското ВМРО-ДПМНЕ, а на списокот е и Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бивш премиер на Македонија Никола Груевски оцени дека обвиненијата кои СЈО ги најави против него и некои негови блиски соработници е „класичен политички прогон“, чија цел е да се уништи најголемата политичка партија во државата.

„ВМРО-ДПМНЕ е нападната. Никогаш во историјата не се случил ваков прогон на политички противници, со цел оваа партија да се уништи или замолчи. Специјалното јавно обивнителство не е обвинителство, туку канцеларија на СДС, а обвиненијата се без правен основ. Конструктивноста во нашето делување завршува денес“, изјави Груевски на прес конференција, пренесува Спунитк.

На прашањето дали Заев на овој начин се обидува да го десеткува ВМРО во очи на локалните избори, Александар Митовски од Центарот за истражување и анализа одговара потврдно, но и потсетува дека Заев во своето експозе рече дека нема да биде политички прогон, а ова го гледа како доказ дека го погазил зборот. Тој исто така потсетува дека лидерот на ВМРО Груевски јавно, на телевизија, рече дека не се плаши од затвор ако тоа е цената за зачувување на Мкаедонија, а партијата ВМРО-ДПМНЕ, како изворна македонска партија – да се сочува – објаснува Митовски за Спутник.

„Што се однесува на самите обвиненија, СЈО во суштина нема никакви докази за било кое обвинение, бидејќи во Македонија аудио-снимка не се смета како материјален доказ туку како индиција за евентуално кривично дело, или како помошен доказ ако постојат материјални докази. Затоа мислам дека ова е чиста пропаганда за да би се намалил рејтингот на ВМРО во очи на локалните избори“, вели Митовски за Спутник.

Соговорникот за Спутник како индикатор дека тука не се работи за правда, туку дека станува збор за политика, го наведува и тајмингот кога СЈО ги обелодени овие обвиненија, а тоа е – свечениот прием во Американската амбасада каде обвинителите од СЈО беа почесни гости.

„Така да, според мене, ова е уште една конструкција на Западот да го десеткува ВМРО бидејќи знаат дека додека оваа партија постои, нема шанси Македонија да прифати промена на името или под неповолни услови за државата да влезе во НАТО и Европска Унија“, вели Митовски за Спутник.

Во случјатов, како што вели Митоски, ако Западот и Заев ги остварат своите намери и да дојде до апсење на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а тоа би значело нови немири и конфликт во Македонија.

„Треба да се има во предвид дека ВМРО има 200.000 членови и дека е најголема партија во Македонија со половина милион лојални гласачи и сигурно нема да бидат пасивни во случај да се обидат да го линчуваат нивниот лидер. Нов судир не му одговара никому, освен на оние кои имаат геостратешки интерес Македонија да биде кризна земја“, оценува Митовски за Спутник.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This