ОБИД ЗА ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ: Новиот јавен обвинител да излезе и да каже зошто Игор Дурловски е терорист!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Јован Донев остро реагираше на владиното соопштение на говорот на Претседателот Иванов за кое тој вели дека служи за негова девалвација. Според Донев, владата има неуспешен обид преку владино соопштение да го оспори реваншизмот и селективната правда во Македонија која ја спомена Претседателот. Тој потенцираше дека ова не е ниту реваншизам ова е вовед во тоталитарен режим и драстично кршење на човековите права, а владата на СДСМ со секој чекор го гази правниот систем во Македонија.

Обвиненијата за тероризам вели се класични политички обвинија и со јавен повик побара од новиот Јавен обвинител да излезе и објасни зошто Дурловски е терорист. Тој бара јавно да се види обвинителниот акт за луѓето кои завршија во притвор. За Донев се работи за обид на замолчување на интелектуалците кои не се согласуваат со политиките на власта. Тој запраша како може да има обид за државен удар и атак на уставниот поредок кога во тие моменти нема конституирана ниту влада ниту собрание и дека сево ова се обиди за спинување и драматизирање на целата ситуација.. Седум месеци овие луѓе слободно се шетаат, влијаат на сведоците, побегнат и да се повтори делото, а токму сега се притворени со што целосно се губи смислата за давање на притвор. Донев истакна дека Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Дурловски не можат да бидат обвинети за тероризам и дека ова е обид за заплашување на граѓаните на Македонија

Професорот со потсмев гледа и на фактот што Македонија е единствена држава аспирант за членство во евро атланските институции чиј премиер оди на суд, во нормална држава тој би бил приморан да даде оставка. Дополнително загрижува фактот што тој 2 години не може да биде осуден и неговите судења се во континуитет одложувани, а судијката срамно му се извинува што е малтретиран . Дополнително случајот ,,Пуч” и случајот за нелегалното прислушување сеуште немаат правна разрешница, што е дополнителен доказ за селективната правда во Македонија.

Донев ја спомена и одлуката на апелациониот суд за прифаќање за докази на нелегално снимени материјали , со што е воспоставен преседан и во Македонија повеќе не постои правна сигурност и правната сигурност на 2 милиони граѓани е доведена во прашање. Со други зборови професорот објасни дека било кој граѓанин во Македонија може да биде нелегално снимен било каде и за кажан збор обвинет. Јован Донев го напомена и нелегалниот избор за претседател на собрание.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This