ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ДЕТЕ: Возрасна жена се обидела да и го земе детето пред супермаркет во Аеродром!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога 34 годишната мајка излегувала од супермаркет во населбата Аеродром, возрасна жена се обидела да и го земе две годишниот син – соопшти МВР.

kidnapiranj
„На ден 29.09.2016 година околу 18:50 часот во Единица за информации и команда од страна на А.П.(34), било пријавено дека кога излегувала од супермаркет лоциран во Аеродром, непознато женско лице на возраст од околу 60 години, се обидела да и го земе нејзиниот две годишен син.

Од страна на полициски службеници, веднаш е излезено на местото на настанот, извршен е разговор со пријавителката и преземени се сите потребни мерки и активности за расчистување на настанот. Првичните индиции не укажуваат на кривично правен настан.

Потенцираме дека детето е со својата мајка, а полицијата во најкраток можен рок ќе го расчисти случајот и ќе ја информира јавноста“ стои во соопштението од полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This