ОБЛЕЧЕТЕ СЕ ДОБРО: Минусни температури и можни врнежи од снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Берово изутрина во 7.00 часот се измерени – 12 степени, – 9 во Скопје-Петровец, Штип, Битола и Маврово, – 8 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица. Во Скопје Зајчев Рид, Лазарополе, Куманово и Дебар температурата изнесувала – 7 степени, – 6 во Охрид, -5 во Претор и во Крушево, -2 во Гевгелија, 0 во Дојран.

Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 11 сантиметри, а 4 на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде прeтeжно cончeво со слаб сeверозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива нeпречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, кaде има појава на утpинска мaгла и можност од појава на одpoни.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This