April 20, 2024, 12:35 am

Обложувалниците ќе работат со скратено време, од 7 до 18 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спортските обложувалници, согласно одлуката на Владата во врска со мерките за справување со состојбата со коронавирусот, ќе работат со скратено работно време од 7 до 18 часот, со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри меѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.

Одлуката, како што соопшти Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) важи до 24 март.

– Асоцијацијата ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува препораките и мерките на Владата. Дополнително информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и играчите во обложувалниците – членки на АСОМ. Во контекст на ова набавени се дезинфекциони средства за секоја обложувалница, заштитни ракавици за сите вработени, а објектите редовно и темелно се чистат, информираат од Асоцијацијата.

Тие апелираат до играчите, во целост да се придржуваат до мерките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This