April 20, 2024, 12:37 pm

Облaчнo и cтyдено време со повpeмeни вpнeжи oд дoжд – тeмпepaтyрите до 14 стeпeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија во неделата ќе биде облачно, во текот на денот со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и поинтензивни во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура е во интервалот од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.

Под влијание на поголема влажна воздушна маса, ќе продолжи да биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This