April 26, 2024, 11:24 am

ОБРАЗОВАНИЕТО НА КОЛЕНА: Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео обраќање до јавноста вели дека додека во јавноста се актуелни договорот со Грција и сите штетни последици кој тој ги носи, криминалните тендери, афери и злоупотреби, додека земјоделците се соочуваат со нова криза, а во здравството се бројат случаите со смртен исход, Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа за успешност во високото образование.

-Ветуваа иднина, а образованието, образованието ни е руинирано. Каква е таа иднина кога имаме и официјална потврда дека ниту еден од универзитетите во државата не е според својот квалитет во првите илјада во светот. Ќе потсетам дека ветуваа живот, но добиваме порази. Нема градење на иднина без пристојно и квалитетно образование. Македонија е исклучена од оваа листа, изјави Мицкоски.

Мицкоски вели дека додека образованието во Македонија стагнира, во првите 500 се универзитетите од соседството Белград, Атина, Љубљана, Софија, Солун и итн.

-Како универзитетски професор, но пред се родител и граѓанин на оваа земја, можам да кажам дека ова е резултат на негрижата и немањето на стратегија во високото образование, немотивираноста на наставниот кадар, експериментирањето и политизацијата на образованието. За ова нема изговори, неуспехот на владата го плаќаат младите. Нема во Европска Унија со неквалитетно образование кое не е рангирано ниту во првите 1000 универзитети, нема иднина доколку главен приоритет за власта се криминални иновации наместо реформи во образованието. Не може да се тврди дека сте за младите, а нив трајно да ги деградирате со неквалитетно образование. Образованието е поврзано со економијата. Не можете вие да се залагате за развој во економијата и да понудите инвестиции со висока технологија, а при тоа да не можете да понудите кадар кој што е едуциран и може да ги опслужува овие инвестиции. Изминатиот период имав можност да другарувам и да се информирам со голем број млади луѓе во Република Македонија. Точно знаеме што им недостасува и тоа ќе биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе биде презентирана во период кој што следи. Нудиме голема авангардна понуда за сите млади во Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека со оваа влада Република Македонија нема иднина, ниту ќе дојде Европската Унија.

-Затоа Македонија заслужува повеќе, заслужува образование со универзитети кои ќе бидат во првите 500 во Светот, Македонија е извор на знаење и компетенции. За да тоа се случи оваа власт мора да падне, и само така Македонија ќе победи, изјави Мицкоски.

Видео обраќање

Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, August 15, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This