ОБСЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА РЕЗУЛТАТОТ ТУКУ ПРОЦЕСОТ И РЕГУЛАРНОСТА НА ГЛАСАЊЕТО: Амбасадорот Јан Петерсен најави дека ОБСЕ нема да се меша, туку само ќе го набљудува процесот на гласање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не нé интересираат резултатите од референдумот туку почитувањето на демократските принципи. Со овие зборови амбасадорот Јан Петерсен, ја објасни мисијата на ОБСЕ во Скопје за претстојниот референдумски процес. Тим на ОБСЕ/ОДИХР од 13 експерти веќе пристигна во Скопје кои на денот на гласањето.

ОБСЕ ќе изработи извештај за начинот на кој се води кампањата и процесите пред самото гласање на референдумот. Потоа ќе го формира и конечниот извештај со препораки за Македонија за спроведениот референдум. Мисијата на ОБСЕ ќе испрати набљудувачи по покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

За таа намена, во државата веќе пристигнаа 13 експерти кои на денот на гласањето ќе ги собираат информациите од набљудувачите од процесот на гласање, како следењето на кампањите кои субјектите ќе ги водат пред гласањето.

Околу 270 набљудувачи на денот на гласањето на референдумот ќе следат дали македонските граѓани во демократска атмосфера го исполнуваат своето право на изјаснување.

„Нашата улога е да го набљудуваме референдумскиот процес, да известуваме и да не се мешаме во процесот. Ние ќе го набљудуваме референдумот и ќе ги оцениме заложбите на земјата од 1990 година со Копенхашкиот документ на ОБСЕ како и сите меѓународни стандарди и обврски. Ние не сме заинтересирани за резултатите на референдумот, туку интегритетот на процесот“ изјави Петерсен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This