ОБУЧУВАЧИ ОД ООН ЌЕ ГИ ОБУЧУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Почнува обука за финансиски истраги во организација на Обединетите Нации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал започнувајќи од вчера (26.06.) па до петок (29.06.) ја организира првата Национална обука за финансиски истраги со којашто се опфатени околу 20 експерти од повеќе институции надлежни за спроведување на законот и судството, а чиишто домен на работа ја вклучува и борбата против организираниот криминал.

Оваа обука е дел од сеопфатната програма на UNODC за едукација на обучувачи, првенствено дизајнирана да ги зајакне капацитетите на институциите за спроведување на законот и судството, во делот на финансиските истраги, преку ефикасно откривање, истрага, гонење и враќање на стекнатите финансиски приноси од криминалните активности.

Во текот на интерактивната обука, учесниците ќе имаат можност да работат со меѓународни експерти, преку реални студии на случај, потоа да бидат вклучени во симулационите вежби, споделувајќи знаења и искуства од своите области на работа. Идејата е, во подоцнежна фаза, знаењата стекнати со овој курс да бидат искористени за развивање на современа и сеопфатна национална наставна програма за финансиски истраги.

Инаку, обуката се организира во рамките на неодамна започнатиот заеднички проект на UNODC и CEPOL за градење капацитети за финансиски истраги во Југоисточна Европа. Проектот е финансиран од Европската комисија и претставува интегрален дел од процесот на интеграција на внатрешната безбедност (IISG).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This