April 26, 2024, 11:58 am

Објавена агендата на Бајден за првата посета на Европа во претседателскиот мандат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белата куќа го претстави планот за првото патување на Бајден во странство откако тој стана претседател на Соединетите Американски држави

Првата посета ќе биде во Велика Британија, каде американскиот претседател ќе оствари средба со Борис Џонсон на 10 јуни, потоа ќе учествува на самитот на Г7 на 11-13 ноември. На 13 јуни претседателот Бајден ќе се појави на приеммот кај британската кралица.

Европската турнеја ќе продолжи во Брисел, каде што се планира самитот на НАТО и состанок со Ердоган на 14 јуни, како и самитот САД-ЕУ

Американскиот претседател Џо Бајден при престојот во Белгија ќе оствари средба и со кралот Филип. Кралот на Белгија ќе го придружува премиерот на земјата, Александер Де Кро, на оваа прва средба со американскиот претседател, што ќе се одржи на 15 јуни во кралската палата во Брисел.

За крај е планиран самитот со рускиот претседател Владимир Путин кој треба да се одржи во Женева, Швајцарија на 16 јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This