ОБЈАВЕНА КЛУЧНАТА СНИМКА ЗА НАПАДОТ ВРЗ СЕЛА: Бил удиран со нога во глава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Зијадин Села лежи раскрвавен, покрај лифтот, без да покаже знаци на живот, еден лице се доближува до него и со еден силен удар со нога го згазнува врз глава.

По силниот удар, останатите обвинети кои исто така се покрај Села се обидуваат да го кренат, а тогаш добива втор удар, кој со нога го удира во рамото. Бидејќи Села не може да застане на нозе повторно паѓа на подот. Во тие моменти повторно се враќа еден од обвинетите , кој според оценката на судијката е бесен и агресивен, но сепак не го удира повторно.

Овие критични минути за Села биле регистрирани и од обвинетиот Осавковски, кои исто така беа презентирани, но кога се случуваат ударите, тој го снима подот. Сепак во позадина се слуша тап удар и извици не го удирај, прекини веќе!

Потоа се создава гужва околу Села и тој се изнесува во правец кој не го покрива камерата.

Овој удар врз Села е регистриран од една од безбедносните камери во Собранието, на 27 април. Откако снимката беше презентирана, судијката констатираше дека обвинетиот Кире Георгиевски е тој што го згази Села во пределот на главата.

Ова можеби е последниот удар кој го добива Села, бидејки набрзо по тоа е сокриен во една од канцелариите, а нешто подоцна и евакуиран од Собранието.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This