ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД НАПАД НА АМЕРИКАНСКА БАЗА: Северна Кореја објави снимка од симулиран напад на базата Гвам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја објави нова пропагандна снимка на која е прикажана симулација на ракетен напад на американската пацифичка територија Гвам и предупреди дека САД ќе „бидат казнети за сите свои злосторства“

Симулирано е лансирање на балистичките ракети Хвасонг 12 од среден домет кон Гвам „во очигледна тенденција да се покаже дека Северна Кореја може да превземе мерки против Соединетите Американски Држави ако така одлучи“ и предупредува дека САД ќе бидат „казнети за своите злосторства“.

Речиси четириминутната снимка започнува со неодамнешната објава на Ким Рак Гјома, командант на Стратешките сили на Северна Кореја, и планот на Пјонгјанг дела Гвам ќе го „облие“ со оган.

Во заканувачкиот текст на корејски јазик се наведува дека „Американците треба да живеат со широко отворени очи и уши. Ракетите Хвасонг 12 ќе ги мачат ден и ноќ, бидејќи нема да знаат кога ќе бидат лансирани“.

„Тие веќе се уплашени“, се додава во текстот.

Видео-снимката, која прва ја објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, е поставена на севернокорејскиот пропаганден веб-сајт „Уриминзокири“ за време на викендот, пред почетокот на заедничките американско-јужнокорејски воени вежби „Чувар на слободата“, кои почнаа во понеделникот.

 

https://www.youtube.com/watch?v=_87FzHVlYnE

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This